.. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Нуклеарна медицина во Систина

Одделот за нуклеарна медицина при Клиничка Болница “СИСТИНА” е прв приватен оддел во Македонија од ваков вид медицинска специјалност. Одделот располага со кабинет за дијагноза и терапија на болести на тироидна жлезда, кабинет за нуклеарна медицина и кабинет за радионуклидна терапија.

Кабинетот за дијагноза и терапија на болести на тироиднa жлезда овозможува квалитетен клинички преглед и ултрасонографско испитување на тироидната и паратироидните жлезди на најсовремен ехографски апарат. Она што е поразлично од другите кабинети од ваков вид е брзото добивање на бараните резултати, а со тоа и брзо поставување на дијагноза и започнување на терапија.

Кабинетот за нуклеарна медицина располага со врвна дијагностичка опрема во која спаѓаат најсовремена радиофармацевтска лабораторија целосно дизајнирана и опремена за работа со отворени извори на јонизирачко зрачење, и двоглава СПЕКТ гама камера со супериорни технички карактеристики кои овозможуваат брза функционална дијагностика.

Веднаш до кабинетот за нуклеарна медицина се наоѓа кабинет за радионуклидна терапија која е интегрален дел од нуклеарната медицина. Кабинетот за радионуклидна терапија има еден еднокреветен апартман, со посебно дизајниран тоалет за радиоактивни пациенти.

Целиот оддел за нуклеарна медицина е дизајниран според европските стандарди за заштита и сигурност при работа со јонизирачки зрачења.

Нуклеарната медицина овозможува широка палета на медицински дијагностички функционални испитувања.

Најчести индикациони области се:

Онкологија

  • Локализација на примарни тумори
  • Идентификација на метастази
  • Проценка на одговор на терапија
  • Намалување на коскена метастатска болка
  • Дијагноза и терапија со MIBG кај пациенти со неуроендокрини тумори и нивни метастази

 

Ортопедија

  • Идентификација на окултна коскена траума ( спортски трауми )
  • Дијагноза на остеомиелитис
  • Евалуација и екстензија на артритични промени
  • Идентификација на коскени инфаркти кај Sickle cell disease
  • Идентификација на разлабававување или инфекција на зглобни протези
  • Сакроилитис
  • Paget-ова болест
  • Pertes-ова болест
  • Аваскуларна некроза
  • Sudeck-ова атрофија
  • Osteoid osteoma

 

Кардиологија

  • Коронарна артериска болест
  • Мерење на ефектот од бајпас хирургија
  • Мерење на ефектот од терапија на срцева слабост
  • Селекција на пациенти за бајпас или ангиопластика
  • Предоперативна идентификација на пациенти со висок ризик за срцев напад
  • Идентификација на десно срцева слабост
  • Мерење на кардиотоксичност при хемотерапија
  • Евалуација на валвуларни срцеви болести
  • Идентификација и квантификација на шантови

 

Пулмологија

  • Дијагноза на белодробна емболија и следење на степенот на резолуција на промените по истата
  • Квантификација на белодробна вентилација и перфузија
  • Инхалација на туѓо тело
  • Евалуација на регионална белодробна фунција

 

Нефрологија

  • Детекција на опструкции на уринарен тракт
  • Дијагноза на реноваскуларна хипертензија
  • Мерење на диференцијална ренална функција
  • Следење на функција на трансплантиран бубрег и детекција на негово отфрлање
  • Детекција на пиелонефрит
  • Детекција на ренални лузни
  • Везикоуретрален рефлукс

 

Гастроинтестинален тракт

  • Детекција на акутен холецистит
  • Хронична билијарна дисфункција
  • Детекција на гастроинтестинални крварења
  • Дисфункција на хранопровод
  • Сцинтиграфија на црн дроб и слезена

 

Неврологија

  • Евалуација на цереброваскуларни болести
  • Алцхајмерова и други типови на деменција
  • Локализација на епилептични фокуси
  • Проценка на мозочна перфузија кај пациенти со аутизам
  • Проценка на мозочна смрт

 

Други индикации

  • Дијагноза и терапија на хипотироидизам
  • Дијагноза и терапија на хипертироидизам и AFTA
  • Радиојодна терапија кај диференцирани тироидни карциноми
  • Дисфункција на плунковни жлезди
  • Детекција на аденом на паратироидни жлезди
  • Сцинтиграфија на дојки
  • Детекција на длабока венска тромбоза
  • Сцинтиграфија на коскена срцевина
  • Детекција на варикоцела и торзија на тестис
  • Детекција на окултни инфекции и инфламации
  • и др.

 

Контакт

Оддел за нуклеарна медицина

Тел: +389 2 3099 760